Маестро Александар Џамбазов денес наполни 85 години. Роденденот прв му го честиташе неговиот син Игор кој на својот инстаграм-профил сподели фотографија од диригентот.
„Среќна 85-ка маестро мој“, напиша Игор во описот на фотографијата.

Александар Џамбазов родум од Војводина е еден од најистакнатите диригенти и композитори на просторот на поранешна Југославија.
Завршил музичка академија во Белград, а целиот работек век го поминал во МРТ како главен диригент. Џамбазов има реализирано безброј концерти кај нас и низ светот.

Игор неодамна на својот инстаграм-профил објави и заедничка фотографија со неговиот татко и Илина.
„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу @maestrodzambo, @ilina_arsova и дечкото без брада“, во негов стил се пошегува Џамбазов.