Според сознанијата на Телма од високи партиски извори, СДСМ во понеделник на централниот одбод на партијата ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.
Игор-Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.
Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од 4-те потпретседатели на СДСМ. Според извори на Телма, ова место се уште не е пополнето, а има 4 кандидати.