Шефот на Постојаниот независен советодавен комитет на Германија за вакцини вели дека е веројатно следната година сите да треба повторно да се вакцинираат против Ковид-19.

Томас Мертенс изјави за групацијата весници Функе дека сè уште нема доволно податоци за да се каже точно кога ќе бидат потребни нови дози и ќе мора да се почекаат неколку месеци за да видат дали заштитата од коронавирусот ослабува во некои групи.

Тој истакна дека „вирусот нема да нè напушти“ и затоа вакцинациите што се прават во моментов нема да бидат последни.

Во принцип, треба да се подготвиме за сите што можеби ќе треба да ја обноват својата заштита со вакцини следната година, порача Мертенс.

Речиси 30,4 милиони луѓе во Германија, или 36,5 отсто од населението, примиле барем една доза вакцина. Повеќе од девет милиони, или 10,9 отсто од населението, се целосно вакцинирани.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.