Повеќе од 90 ракети беа истрелани двапати од Либан кон областа Хаифа во Израел, а нападите оштетија куќи и автомобили, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ соопшти дека во првиот напад биле истрелани 80 ракети, од кои повеќето биле соборени од противвоздушна одбрана, но неколку ракети експлодирале во градовите, објави „Тајмс оф Израел“.

Во вториот напад беа истрелани десет ракети.

Соопштено е дека причинета е штета на куќи и автомобили во градот Кирјат Ата, а еден тинејџер е полесно повреден од парчиња стакло.