Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари, потврди дека израелски борбени авиони го извршиле нападот врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, во кој, како што рече, загинал висок командант и предизвикал уривање на подземната инфраструктура на Хамас.

Дописниците од Газа на светските медиуми претходно јавија дека најмалку 47 тела се извлечени од под урнатините во бегалскиот камп Џабалија по експлозија.