Францускиот спортски весник Л’Екип го претстави идеалниот тим за 2020 година. Во него нема место за капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на светот изминатите петнаесетина години, Лионел Меси.
Составот на Л’Екип изгледа вака:
Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен);
Дефанзивци: Алфонсо Дејвис (Баерн), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Трент Александар-Арнолд (Ливерпул);
Играчи за врска: Тијаго Алкантара (Баерн / Ливерпул), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Кевин де Брујн (Манчестер сити), Нејмар (ПСЖ);
Напаѓачи: Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн Минхен). (МИА)