Како што беше најавувано во италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ најверојатно и на реваншот против Црвена Звезда нема да настапи. Тој не играше во Белград, неговиот тим одигра 2:2 на ова гостување, а тренерот Пиоли се одлучи и сега да ја одмора својата најголема ѕвезда. Сепак и без него Милан брзо поведе. По само осум минути игра водат со 1:0 со голот на Кеси од пенал.
