Златан Ибрахимовиќ рече дека „нема проблем“ со напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, иако двајцата неодамна имаа речиси физичка пресметка на натпреварот од Купот на Италија.
Ибрахимовиќ зборуваше за неговиот настап оваа година на музичкиот фестивал во Санремо и одговори што ќе се случи доколку организаторот на фестивалот, инаку навивач на Интер, го покани Лукаку на сцената.
“Ако Ромелу сака да дојде, тогаш тој е добредојден. Немам проблеми со него”, рече Ибрахимовиќ.
На фестивалот, Златан ќе пее во тандем со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, песната „Ио вагабондо“ од групата Номади.