Златан Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 40 години, а неговиот тим Милан по подолго време е на добар пат да обезбеди пласман во ЛШ. Иако секако тука е и трката за титулата, но се чини дека Интер е главен фаворит. Сепак, добро е да се види и Милан во Лигата на шампиони по подлго време.
Со оглед на тоа дека по завршувањето на сезоната му истекува договорот, се наметнува прашањето дали Ибрахимовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Милан. Такво искуство како неговото секако дека ќе биде потребно во најелитното натпреватување.
– Ако Малдини сака да останам, јас сум за такво нешто. Но, сезоната е долга, има уште многу натпревари до крајот. Ние секогаш играме на победа, изјави Ибрахимовиќ.