И покрај тоа што со своите колешки од бендот „Спајс Грлс“ не замина на турнеја, Викторија Бекам во текот на изминатите години заработила повеќе од музиката, отколку од своето модно царство.
За пејачката која својата музичка кариера ја замени со дизајнерска, е познато дека нејзината музичка компанија „Moody Productions“ во изминатите години и донесе 3,3 милиони фунти, додека нејзината модна команија, која ја нарече по себе, пред оданочувањето забележала загуба од 16,5 милиони фунти.
Иако 46-годишната Викторија ја пропушти турнејата на „Спајс Грлс“ во 2019 година, на неа заработила речиси еден милион фунти, пишува „The Sun“, бидејќи одобрувајќи ги барањата договорила една петтина од заработката која ќе ја генерира турнејата да и припадне на неа.
Таа заработува и од авторските права на песните, кои и ден денес се емитуваат, позајмуваат во разни програми, емисии, на каналите и сл.
Па така поранешната спајсица, додека нејзините колешки Мел Би, Мел Си, Гери Хорнер и Ема Бантон на националната турнеја настапија без нејзина помош, сепак се збогатила од тоа.
Додека нејзината компанија „Beckham Brand Holdings“ може да се пофали со 14,5 милиони фунти дивиденда, Викторија од својата модна компанија си исплатила околу 640 илјади фунти директорска плата, тој износ, според проценките, е пет пати помал од парите кои ги подигнала на сметка на својата поп кариера.
„Нејзината работа во бјути секторот напредува и таа фокусот го префрли на неговото градење. Беше вистински хит, бидејќи на луѓето им се допадна пристапноста“, изјави извор за „The Sun“, додека портпаролот на Викторија изјави дека „предизвикувачкото малопродажно опкружување, заедно со непредвидливото делување на пандемијата на коронавирусот, негативно влијаеле на нејзиниот бизнис, како и на бизнисот на многу други компании“.