Македонскиот репрезентативец има договор со италијанскиот клуб до 30 јуни 2025 година и ја игра втората сезона во дресот на „наполитанците“.
Елиф Елмас и натаму го привлекува вниманието и на другите врвни европски клубови, како Бенфика и Борусија Дортмунд.
Агентот на нашиот играч, Џорџо Гарди во интервјуто за „Тутомеркатовеб“ зборуваше околу иднината на македонскиот фудбалски „Дијамант“:
– Желбата на играчот е да ја заврши сезоната во Наполи, а потоа се фокусира на Европското првенство – вели Гарди.
Потсетување, нашата А селекција за првпат ќе игра еден континентален собир, а се наоѓа во групата со Холандија, Украина и Австрија.