Не само во Гевгелија туку и во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле има раст на бројот на деца со тешки пневмонии и долнореспираторни инфекции кои не се карактеристични за летниот период, вели за „Слободен печат“ доктор Лидија Стојановска.
Децата се на возраст над 3 години, но има и новороденчиња. Колегата од Гевгелија алармираше за состојбата која е слична и кај нас. Баш за тоа дискутиравме и на стручниот состанок, дека е невообичаено да се јавуваат вакви инфекции кои се карактеристични за есенскиот и за зимскиот период. Овие месеци, од сите што ги примивме, само една мајка и едно дете беа позитивни на ковид. Сите други со долнореспираторни инфекции беа негативни. И на стручниот состанок им кажав на колегите – треба да утврдиме дали евентуално се работи за пост ковид компликации кај овие деца. Бидејќи вирусолошки и бактериолошки не докажавме ништо и немаме етиологија за овие инфекции, треба да се направи студија за овие деца и да се види дали се тоа пост ковид долнореспираторни компликации. Децата најчесто асимптоматски го поминуваат ковид, меѓутоа пост ковид компликациите се посериозни и се манифестираат на најразлични начини, изјави доктор Стојановска за „Слободен печат“.
Инаку во текот на денешниот ден се ипратени тим на педијатри специјалисти кои треба да помогнат во утврдување на причините за респираторните инфекции.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.