Семакедонски протест „ Правда за уставобрнаителите, слобода за Македонија“ вечерва ќе се одржи пред Владата. Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април.
Протестот ќе почне во 18.30 пред зградата на Владата каде ќе биде прочитана Декларација со барања, а потоа ќе продолжи со марш преку центарот до Собранието.
Организаторите повикуваат на протестот да им се придружат сите граѓани, но и политички партии и здруженија. Сепак, нагласуваат дека на собирот ќе треба да дојдат без партиски знамиња и ќе нема обраќања на претставници на партиите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот. Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.