Жителите на населбата Ново Маало, кои ја поддржуваат изградбата, денеска до Владата и до Општина Центар доставија петиција со која инсистираат да се издаде дозволата за градба. Нивните имоти не се опфатени во трите парцели кои се опфатени со планот за градба, но велат дека преговараат со инвеститорот за да добијат отштета.
Од Владата велат дека ќе се издаде одобрението за градба доколку се почитува Законот за градба и урбанистичкиот план.
Инвеститорот „МГ Фешн“ преку електронскиот систем на Општината поднел барање за градежна дозвола, а дали ќе се даде одобрение за градба или ќе се суспендира планот зависи од Советот на Општина Центар, но седница по ова прашање се уште не е закажана.