Шоуменот Слави Трифонов го прекина тринеделниот молк откако неговата партија „Има таков народ“ го освои второто место на парламентарните избори во Бугарија и кажа дека ќе ја номинира светската шампионка во шах Антоанета Стефанова за нова премиерка, но истовремено додаде дека таа веднаш ќе го врати мандатот. Трифонов појасни дека неговата партија нема доволно пратеници или партнери за да формира влада.

„Нашиот предлог за премиер е Антоанета Стефанова. Таа има економско образование и зборува пет јазици. Се разбира, Стефанова веднаш ќе го врати мандатот. Во иста секунда. Ова е затоа што Има таков народ нема доволно пратеници или партнери за да формира стабилна влада. Поддршка ни нудат политички актери кои се штетни, алчни и докажано искомпромитирани“, изјави Трифонов, кој набргу по изборите кажа дека има ковид-19.

ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов, прва доби можност да формира влада откако победи на изборите, но го врати мандатот зашто сите партии кои влегоа во парламентот одбија да соработуваат со неа.