Северна Кореја се очекува да добие речиси два милиони дози вакцина против Ковид-19 развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд до крајот на првата половина на годината, јави агенцијата Јонхап.
Агенцијата наведува дека системот Ковакс потврдил оти на Северна Кореја, до крајот на првата половина на годината, ќе и дистрибуира 1.922.000 дози вакцини на АстраЗенека произведени под лиценца на индискиот институт Серум, најголемиот светски производител на вакцини.
Иако одамна Македонија се пријави и нарача вакцини преку Ковакс системот, сепак вчера министерот Венко Филипче изјави дека првите дози кои ќе пристигнат во Македонија ќе бидат од Кина. Имунизацијата на населението ќе започне со кинески вакцини, а се очекуваат да пристигнат 200.000 дози.