Успешна туристичка сезона годинава нема има бидејќи државата не се прилагоди навремено на новите пост ковид-правила за патување. Традиционалните странски туристи вклучувајќи ги Холанѓаните како најбројни ги откажаа патувањата во земјава. Од Стопанската комора велат дека причина е слабата промоција на државата и непреземените чекори за да се промени моделот кој го нудиме години наназад, а за кој веќе нема интерес.

Advertisements

„Информациите коишто ги одбиваме преку тур-операторите се дека се менува моделот на патување. Во моментов луксузните скапи тури добиваат повеќе на цена отколку оној тип на организирани патувања коишто сме ги имале во 2019. Што сме направиле ние во меѓувреме? Ништо…“, рече Даниела Михајловска Василевска-Стопанска комора.

Странски туристи засега се најавуваат во поголем број на крајот на летото. Од друга страна, голем е интересот на нашите државјани за патување во странство, особено во Турција.

„Турција со само тоа што минатата година не бараше ПЦР тест, годинава бара тест и вакцина, ќе видиме како ќе се одвива понатаму меѓутоа бидејќи минатата година беше без никакви услови, луѓето полесно се одлучуваат за таа дестинација. И дестинациите каде не се бара ниту ПЦР тест, ниту вакцина се најбарани, најлесно луѓето се одлучуваат за Албанија и за Црна Гора.“, изјави Ана Марија Алексова- Претставничка на туристичките агенции.

Правилата за патувања во секоја земја се различни, некои од државите признаваат дел од вакцините како т.н „пасош“ за влез во земјата, а други сè уште имаат забранет влез за одредени државјани поради ризичните зони од каде што доаѓаат. Сепак за посета на најпознатите туристички дестинации неопходно е ПЦР тест и доказ за примени две дози вакцина за Ковид-19.