Обвинителството денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар.

Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.

Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со БМВ без регистарски таблички.

Текстот И Обвинителството се вклучи во постапката за пронаоѓање на маскираните разбојници кои ограбија златара е превземен од МАКФАКС.