Вработените во администрацијата на ГОБ „8-ми септември“, како и техничкиот персонал, денеска излегоа на протест. Како што тврдат, не им е исплатена еднократната парична помош од 30 илјади денари, која беше исплатена на сите медицински работници кои работат со пациенти заразени или суспектни со Ковид 19.

На протестот излегоа со транспаренти „И ние сме здравство, и „Ние работиме во Ковид болницата. Како што велат станува збор за 195 вработени, а секако бараат и на нив да им се исплати оваа сума.