Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека и мерните станици на водните пумпи ќе бидат ставени на регулиран пазар.

Целта е, како што напомена Бектеши, да нема поскапување на водата.

-Најважно од се е што, освен училиштата што ги внесуваме на регулираниот пазар, одиме чекор понапред – и мерните станици на водните пумпи ги ставаме на регулиран пазар, а тоа значи незголемување на цената на водата за сите граѓани, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.