Само неколку месеци по раѓањето на своето прво дете, девојчето Каи, кое го дели со момчето Зејн Малик, 25-годишната Џиџи Хадид се врати на модните писти.

Супермоделот беше главна ѕвезда на ревијата на италијанскиот моден бренд „Versace“ кој за модната недела во Милано својата нова колекција за сезоната есен/зима ја претстави со посебно шоу кое се емитуваше во живо заради ограничувањата предизвикани од пандемијата.
Покрај Џиџи Хадид, дел од ревијата беше и нејзината помлада сестра Бела Хадид, како и рускиот модел Ирина Шајк која исто беше една од ѕвездите на модното шоу.
„Отварањето и затварањето на шоу на „Versace“ е секогаш чест и најдобриот камбек. Навистина сум среќна што сум здрава, што работам и сум безбедна… Навистина ми недостасуваше моето модно семејство изминатата година. Благодарам на сите што го овозможија ова, особено на мојата италијанска кралица Донатела Версаче“, напиша Џиџи на својот инстаграм-профил
Џиџи го поздрави доаѓањето на своето прво дете во септември минатата година. Извори блиски до моделот за странските медиуми изјавија дека Хадид лесно се адаптира на својот нов живот и мајчинството.
„Џиџи е многу уморна, но веќе е прекрасна мајка… Првите неколку недели беа тешка транзиција, но таа не се жалеше, навистина е воодушевена што е мајка“, во една прилика изјави извор за „E! News“.