По неколку европски земји и Холандија одлучи времено да ја запре употребата на вакцината на „Астра Зенека“.
Од холандската влада синоќа соопштија дека користење се запира најмалку до 29 март како мерка на претпазливост. Како што објаснија, на ваков чекор властите се решиле по извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти.
– Advertisement –
Тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со производот се хоспитализирани поради крвавење, згрутчување на крвта и тромбоцитопенија, потенцираа здравствените власти.
Поради претпазливост, покрај Данска и Норвешка, претходно употребата ја прекинаа и Австрија, Италија, Исланд, Естонија, Литванија, Летонија и Луксембург.
Меѓутоа, од компанијата „Астра Зенека“ вчера соопштија дека било спроведено проучување на здравствените податоци на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзиниот производ во Европската Унија и Велика Британија и не е откриена никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби.