Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот Ијан се очекува да предизвика опасни по живот бранови и поплави долж брегот на сојузната држава Јужна Каролина подоцна во текот на денешниот ден и најверојатно ќе предизвика поплави и во југозападна Вирџинија.
Според Центарот за урагани, предупредувањето за наплив на бура значи „постои опасност од поплавување опасно по живот, од надојдената вода што се движи кон внатрешноста на крајбрежјето“. Агенцијата ги повика луѓето да ги следат наредбите за евакуација и другите инструкции од локалните власти.
Предупредувањето за урагани значи дека „Подготовките за заштита на животот и имотот треба итно да се завршат“, според Центарот за урагани.
Ијан има максимални постојани ветрови од 85 километри на час со високи налети.
Бајден рече дека федералната влада ќе ги покрие трошоците за отстранување на сите остатоци и обнова на јавните згради уништени од ураганот. Федералната влада, исто така, ќе обезбеди средства за да помогне во покривањето на трошоците за обнова на домовите и враќање на имотот за оние кои немаат осигурување.
Бајден рече дека Ијан може да се покаже како најсмртоносната бура што некогаш ја погодила Флорида од моментот кога ќе се утврдат нејзините ефекти.
Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес./voa.mk/