Кошаркарското дерби во Грција секогаш е на работ на прекин. Навивачите не можат да поднесат кога ривалот има водство и победува, а Панатинаикос беше понижен затоа што губеше со 28 поени разлика (35:63).
Во тие моменти навивачите на Панатинаикос гневни од резултатот со ласери ги „тероризираа“ противничките кошаркари, а потоа почнаа и да фрлаат тврди предмети на теренот.
На 2:46 минути пред крајот на третата четвртина, мечот е прекинат./Makfax/