На годишниот Хуманитарен базар, организиран од NOVA International School Skopje бугарскиот штанд повторно го привлече вниманието со својата топла атмосфера и домашно приготвените јадења и колачи, од страна на родителите чии деца учат во училиштето. На штандот традиционално беше претставено богатството на бугарската кујна и култура.

Годинава хуманитарниот базар на NOVA International School Skopje има една важна цел, а имено, собирање средства за жртвите од трагедијата во Кочани, која се случи во средината на месецот март.

Меѓу специјалните гости на хуманитарниот базар беше амбасадорот на Бугарија Желјазко Радуков, кој ја поддржа иницијативата и им оддаде признание на организаторите за нивните напори. Посетителите имаа можност да вкусат различни домашно приготвени јадења, а собраните средства од продажбите ќе бидат донирани на погодените семејства.