Сопругата на амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, г-ѓа Билјана Ангелова ја заврши првата хуманитарна акција во склоп на нејзиниот проект „Среќна Среда“. Таа заедно волонтери на Црвениот крст од општинската организација во Куманово, однесе донација за семејството на Трајко Василевски од Куманово.
„Еден ден по промовирањето на проектот „Срекна Среда“, го посетив семејството на Трајко од Куманово.
Тој ме контактираше пред 2-3 недели за да ми ја раскаже својата приказна, која дури беше опишана и во медиумите.
Неговото петчлено семејство живее со помалку од 135 евра на месец. Само во една соба. Евгенија (1,6 години), Габи (5 години), која за прв пат некому го кажа своето име, а тоа бев јас ❤ и Мелиса, ученичка во 4 одделение, се прекрасни и насмеани деца на кои им е потребна нашата поддршка. И секој што сака може да им помогне нив или на друго семејство кое има потреба. Токму ова е и целта на # СреќнаСреда – да ја избере нашата кауза и да поддржи некој што има потреба.
Заедно со мене беа мојот колега Петар Петров, кој е одговорен за културни и социјални проекти и волонтери од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово, без кои немаше како да ја најдеме куќата на семејството Василевски. Марта и Филип сè уште биле деца кога се посветиле на тоа да им помагаат на другите. Заедно со нив и секретарот на организацијата – Бојан разговаравме за нашите идните хуманитарни проекти“, напиша г-ѓа Ангелова на социјалната мрежа Facebook.
Повеќе за проектот „Среќна Среда“ можете да дознаете на следниот линк.