Хрватскиот претседател денеска ги повтори ставовите дека Финска не може да биде членка на НАТО. Тој најави дека на самитот на алијансата што треба да се одржи на крајот на мај во Мадрид ќе стави вето на поканата за Финска да стане членка на алијансата сѐ додека не се реши прашањето на Босна и Херцеговина.
„Како претседател на државата што ја претставува Хрватска на самитот на НАТО, ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво“, изјави Милановиќ за новинарите за време на посетата на Вуковар.
Во случај поканата да биде испратена на пониско ниво, тој рече дека не е сигурен дека може да го натера хрватскиот амбасадор да ја заземе неговата позиција во Советот на амбасадори, кој исто така може да ја упати поканата.
Тој исто така рече дека „како ѓавол грешната душа ќе го прогонува секој претставник што е за тоа“.
Новинарите го прашаа и како мисли да го постигне тоа со оглед на тоа што ја нема поддршката од Владата.
„Имаме една страна која е предавничка, луѓе со приватни мотиви плус кои ме мразат. Тоа ќе треба да ѝ го објаснат на јавноста. Тоа ќе биде притисокот врз Хрватска, овие се купени“, рече Милановиќ.
„Имаме предавничка влада, тие ги изневеруваат Хрватите во БиХ… А тие луѓе бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“, рече Милановиќ.
Тој рече и дека не сака да биде сочувствителен со Брисел, дека „таму има глупаци “.
„Погледнете колку пати дипломатијата беше воздржана или ставија вето кога имаше напади врз Орбан. Не се согласувам со Орбан, но тоа е изживување. Тука сум принципиелно на страната на Орбан, не политички. И овие наши шмизли секогаш беа на страната на Орбан, беа воздржани, а сега работат против Хрватите“, рече Милановиќ, пренесува Н1.