Хрватската музичарка, пијанистка, пејачка, композиторка и текстописец Мери Цетиниќ на својот профил на социјалните мрежи ja сподели веста за најголемата болка што може да ја почувствува една мајка…
„Со огромна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, голем музички талент, хумор… ни го направија животот среќен и полн со љубов…
Се закануваше ужасната болест, но заедно ја надминавме… Овој пат беше посилна, не успеавме, сонце мое и драгиот Бог те зема во својата прегратка, на небесните височини, кај ѕвездите… а на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага… Засекогаш ќе одекнува во моето срце твоето „мајка, те сакам“! Почивај во мирот Божји, најмила моја Иви…“
Тажната порака што Мери Цетиниќ ја сподели на својот фејсбук-профил, во описот на фотографиите од нејзината ќерка Ивана Буриќ, која вчера ја загуби најважната битка го потресе целиот регион. Пораките за сочувство не престануваат да пристигнуваат под објавата на нашата музичка дива.