По наредба на министерот за надворешни работи, Светлан Соев, денеска во министерството за надворешни работи била повикана амбасадорката на Република Хрватска во Бугарија Јасна Огњановац.
Причината за состанокот била изјавата на хрватскиот претседател по Самитот одржан во Брдо каде што присуствуваше и претседателот Пендаровски.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во изјава тогаш остро ја нападна Бугарија велејќи дека тоа што се бара од нивна страна е влегување во интимен простор и дека тоа не се прави така.
Изјавата на хрватскиот претседател од страна на Бугарија се опишува како неприфатлива и неоправдана, додавајќи дека е разочарувачка со оглед на одличните билатерални односни меѓу Хрватска и Бугарија и поврзаноста меѓу двете земји.
Како одговор на барањето за појаснување на причината за изјавата на претседателот Милановиќ, амбасадорката Огњановац се обврса да му го пренесе на Загреб ставот изразен од страна на Бугарија, истакнувајќи ја потребата од соработка меѓу Бугарија и Хрватска со цел да се обезбеди стабилност на регионот на Западен Балкан и нејзината Еврпска перспектива.