Земјотрес со јачина од 2,8 степени е регистриран во 17 часот и 22 минути во Хрватска.

Како што објави евро-медитеранската сеизмолошка служба на Твитер, земјотресот е регистриран во околината на Огулин.

Епицентарот бил на 70 километри источно од Риека и 15 километри од Бриње на длабочина од два километри.