Официјален Загреб денеска потврди дека има информации дека хрватски државјанин бил заробен од руските вооружени сили за време на борбите во Мариупол.
Дефинитивно станува збор за Вјекослав Пребек, кој од 2020 година служи како војник во украинската армија за да добие државјанство на оваа земја, а сега е во руско заробеништво и го чека неизвесна судбина.
Веста беше обелоденета на руската национална телевизија РТ, кога новинарот на оваа телевизија Роман Косарев разговарал со Вјекослав Пребек, кој му потврдил дека е војник во Украинската поморска бригада која се криела во градот Мариупол и дека бил заробен додека се обидувал да избега од опколениот град заедно со уште неколку борци.
Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска потврди дека руската армија во Украина заробила Хрват кој заедно со уште неколку борци се обидувал да побегне од Мариупол.
Friend of Pinner and Aslin from the unit in #Ukraine army, captured Croatian mercenary Vjekoslav Prebeg (Zagreb) said:
“I also heard that they are extremely inspired by fascist and Nazi ideology. And also about the terrible things that they did with civilians, with prisoners. https://t.co/lHD8a7vkVe pic.twitter.com/LiY08gB8Ka
— Mark (@Striemond) May 6, 2022