Инфлуенсерката Ела Јерковиќ и нејзиното момче, сплитскиот „дивјак на мотор“, добиле прекршочни пријави поради фотографија која пред неколку денови осамнала на Инстаграм, пишува „Индекс.хр“.

Ела и Адријан позирале со пушки покрај автомобил и фотографиите ги објавиле на Инстаграм. По објавувањето на фотографиите, реагирала и сплитската полиција, па тие биле приведени.

Прекршочниот судија не нашол основа за задржување во затвор на Ела и Адријан, што го побара полицијата, па биле пуштени да се бранат од слобода.

Тие се товарат за кршење на Законот за набавка и поседување оружје и на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, известува сплитско-далматинската полициската управа.

Полицијата потврдила дека истрагата е завршена.

По драмата, налутената инфлуенсерка се огласила и ја објавила истата фотографија, но со остра порака – пцост.