Хрватска има повисока стапка на смртност од коронавирус отколку Кина, која има 1,4 милијарди жители, може да се види според официјалните податоци објавени во двете земји.
Според податоците објавени вчера, во Кина досега официјално се регистрирани 88.454 инфекции со коронавирус и 4.635 смртни случаи.
Во Хрватска, пак, до вчера беа регистрирани вкупно 225.128 заразени со коронавирусот и 4.655 смртни случаи, но денеска оваа бројка на смртни случаи е зголемена за нови 29 и сега изнесува 4.684.
Според порталот Индекс, Хрватска во моментов е единствената земја во регионот што ја надмина Кина според бројот на смртни случаи од коронавирусот. Но ова, наведува порталот, наскоро би можело да биде случај и со БиХ, која во моментов има 4.448 смртни случаи. (МИА)