Хрватска ја одложува примената на задолжителната ковид потврда за вработени во здравството и социјалната заштита и нема да биде задолжителна од 1 октомври како што беше порано најавено.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, датумот на примена на оваа одлука се уште не е познат, но се шпекулира дека тоа ќе биде наредната недела.
За оние кои не можат да добијат ковид потврда затоа што не се вакцинирани, тестирањето ќе биде задолжително два пати во неделата.
Одлуката за ковид потврдите во здравството ја донесе Штабот за цивилна заштита, а како причина е наведен највисокиот степен на заштита на пациентите и корисниците на социјална заштита.