Репрезентацијата на Хрватска го заврши настапот на Светското првенство во Египет откако во клучниот натпревар доживеа тежок пораз од Данска со 26-38.

Актуелниот светски и олимписки шампион беше без болниот Микел Хансен, но сите останати кои настапија одиграа максимално ангажиран и квалитетен натпревар и заслужено дојдоа до убедливата победа. Хрватите добро го почнаа мечот, во првите 20 минути често водеа со два разлика, но на полувреме Данска замина со +2 (17-15).

Вториот дел беше целосна спротивност на првото. Данска газеше, брзо направи двоцифрена предност и тотално го уништи големиот ривал. Јакобсен ги предводеше Данците со осум гола, Холм постигна шест, а Нилсен пет. Кај Хрватска, Мариќ беше најефикасен со шест гола.