Во продолжение следат хронолошки поважните настани што ја одбележаа 2020 година.

Јануари

3 јануари – Во американски напад со беспилотно летало убиен главниот ирански командант за безбедност и разузнавање, генерал-мајор Касим Сулејмани пред аеродромот во Багдад, Ирак.

4  јануари – Бројот на жртвите во австралиските пожари достигна 23 лица, а премиерот Скот Морисон соопшти дека ќе бидат вработени национални одбранбени сили за да се справат со над 200 пожари.

4 јануари – Во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во Џакарта, Индонезија, загинаа најмалку 53 лица.

5 јануари – Иран се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година, нема да го ограничи збогатувањето на ураниум

5 јануари – Кинескиот професор Жанг Јонгжен ја објави првата мапа на геномот САРС-КоВ-2, овозможувајќи им на здравствените работници ширум светот да го идентификуваат Ковид-19.

8 јануари – Иран лансираше ракетен напад врз базите на Ербил и Ал Асад во Ирак, во кои се сместени некои американски трупи, како одмазда на атентатот врз генералот Касим Сулејмани.

8 јануари – Се урна украински боинг 737-800 непосредно по полетувањето од Техеран, Иран, при што загинаа сите 176 лица во авионот

8 јануари -Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека се повлекуваат од кралската служба и ќе работат на тоа да станат финансиски независни.

11 јануари – Тајван ја реизбра Цаи Инг-Вен за втор мандат за претседател.

13 јануари – Најстариот материјал што постои на земјата стар 7,5 милијарди години, откриен од научници кои го проучувале метеоритот Мурчисон, кој паднал на земјата во Австралија во 1960-тите

16 јануари – Во Сенатот започнува судењето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

22 јануари – Кина воведе т.н. локдаун во градот Вухан и неговите 11 милиони луѓе, во обид да го контролира коронавирусот, со тогаш, официјален број на починати – 17 и над 500 лица заразени.

26 јануари – Легендата на кошарката од ЛА Лејкерс, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа во магловити услови во ридовите над Калабасас, јужна Калифорнија. Тој важеше за еден од најголемите кошаркари во историјата на играта.

27 јануари – Поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори призна дека е татко на дете откако ДНК-тестовите го потврдиле татковството.

28 јануари – Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа го објави својот мировен план за Блискиот исток.

29 јануари – Бројот на случаи со коронавирус ги надминува оние на САРС со потврдени над 7.700 случаи во Кина, и 170 смртни случаи

30 јануари – Светската здравствена организација (СЗО) прогласи избивање на епидемија со вонредна состојба за меѓународно јавно здравје.

31 јануари – Велика Британија официјално се повлече од Европската унија (Брегзит)

Февруари

3 февруари – Крстаречки брод „Дијамант принцес“ со 3700 патници е ставен во карантин во пристаништето Јокохама, Јапонија, по откриени случаи на коронавирус на бродот.

5 февруари – Сенатот на САД изгласа за ослободување од вина на претседателот Доналд Трамп со 52-48 под обвинение за злоупотреба на моќ и 53-47 за попречување на Конгресот.

6 февруари – Американската астронаутка Кристина Кох го заврши најдолгиот континуиран вселенски лет од жена астронаут по 328 дена поминати на Меѓународната вселенска станица, слетувајќи во Казахстан.

9 февруари – Смртните случаи од коронавирус ги надминаа оние на Сарс (2003 година) со 813 смртни случаи ширум светот, и повеќе од 34.800 заразени

10 февруари – Повеќе од 30 пожари изгаснати од најобилните врнежи од дожд за 30 години во Нов Јужен Велс, Австралија, помагајќи да се стави крај на една од најлошите сезони на пожари досега, во која изгореа 46 милиони хектари, загинаа над една милијарда животни, а 34 лица ги изгубија животите.

11 февруари – Снег падна во Багдад, Ирак, само вторпат во еден век

4 февруари – Повеќе од 800.000 лица раселени од своите домови во северо-западна Сирија поради нападот на сириските провладини сили врз последното упориште на бунтовниците.

17 февруари – Врховниот суд на Индија пресуди за еднакви права на жените во вооружените сили.

17 февруари – Шефот на Амазон, Џеф Безос вети 10 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени.

18 февруари – Ашраф Гани прогласен за победник на претседателските избори во Авганистан, пет месеци по гласањето, обвинувањата за измама значеа пребројување на гласовите.

23 февруари – Претседателот Мун Џае-ин ја стави Јужна Кореја во состојба на готовност, давајќи и овластувања на владата да „затвора“ градови откако беа пријавени 602 случаи на коронавирус со шест смртни случаи.

23 февруари – Прво големо жариште на коронавирус во Европа во Италија со 152 случаи и три смртни случаи, што предизвика итни мерки, локдаун во 10 градови во Ломбардија.

23 февруари – Кинескиот врховен лидер Си Џинпинг ја опиша епидемијата на коронавирус во земјата како најголема кинеска здравствена криза од 1949.

24 февруари – Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално злоставување, што го разгоре движењето #MeToo

26 февруари – Саудиска Арабија им забрани на странските аџии пристап до верските места во Мека и Медина поради стравувањата од ширење на коронавирус, првпат во историјата.

29 февруари – САД и Талибанците во Доха, Катар потпишаа договор за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан. САД и НАТО сојузниците ќе ги повлечат своите трупи по 14 месеци доколку се одржи договорот.

Март

1 март – Турција започна голема офанзива против сириската влада во северна Сирија откако 36 турски војници загинаа во воздушни и артилериски напади 3 дена порано.

4 март – Нова студија потврдува дека климатските промени предизвикани од човекот ја влошија сезоната на пожари во Австралија во 2020 година.

4 март – Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека целиот спорт во Италија ќе се игра збез публика најмалку еден месец во обид да се ограничи ширењето на коронавирусот.

11 март – Првиот човек на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебресесус прогласи пандемија на коронавирус, со 121.564 случаи ширум светот и 4.373 смртни случаи

11 март – Харви Вајнстин е осуден на 23 години затвор за кривично дело сексуално дело и силување во Њјорк.

12 март – Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека Велика Британија се соочува со „најтешката криза во јавното здравство во една генерација“, до 10.000 луѓе веќе е можно да се заразени со коронавирус.

13 март – Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба, и додели 50 милијарди долари за борба против коронавирусот.

13 март – Афроамериканка Бриона Тејлор беше застрелана и убиена од страна на полицајци во нејзиниот дом.

15 март – Европските земји воведуваат ограничувања на собири и границите бидејќи стапката на смртност на КОВИД-19 драматично се зголемува – Италија 1.809, Шпанија 288, Франција 120.

17 март – Европската унија објави 30-дневна забрана за влез во нејзините 26 земји за скоро сите патници, во обид да спречи ширење на коронавирусот.

18 март – Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија да ја затворат границата меѓу САД и Канада, најдолгата во светот, за несуштински патувања за да се спречи ширење на КОВИД-19.

23 март – СЗО вели дека пандемијата на коронавирус се зголемува, за првите 100 000 случаи биле потребни 67 дена, за вторите 100 000 случаи – 11 дена, а за третите 100 000 случаи – само 4 дена.

24 март – Јапонскиот премиер Шинѕо Абе објави одложување на Олимписките и параолимписките игри во Токио 2020 година до летото 2021 година поради светската пандемија на коронавирус.

26 март  – Вооружениот напаѓач на џамијата Крајстчерч Брентон Тарант се изјасни за виновен за сите 51 убиство во Нов Зеланд

27 март – Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон соопшти дека се заразил со коронавирусот и дека тој ќе продолжи да ја води земјата „благодарение на волшебството на модерната технологија“ додека е во самоизолација.

29 март – Американскиот експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, предупреди дека САД може да забележи помеѓу 100 000 – 200 000 смртни случаи од КОВИД-19.

Април

2 април – Бројот на починати во Шпанија надмина 10.000 (10003) година, објавуен рекорден пораст на смртните случаи, 950 во еден ден.

6 април – Јапонскиот премиер Шинѕо Абе објави вонредна состојба во седум префектури и пакет стимулации од скоро еден трилион американски долари.

7 април – Кина го укина карантинот за Вухан по 76 дена, откако земјата по првпат не соопшти за нови смртни случаи.

8 април – Светската трговска организација предвидува пад на глобалната трговија поголем од финансиската криза во 2008 година, помеѓу 13 и 32 отсто за 2020 година

12 април – ОПЕК и другите големи нафтени компании се согласија за најголемо намалување на производството на нафта заради стабилизирање на светските цени.

14 април – Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна финансирањето за Светската здравствена организација, со обвинувања за грешки во справувањето со пандемијата на коронавирус и поради наводна попустливост кон Кина.

18 април – Најсмртоносно масовно пукање во Канада во модерната историја, кога вооружено лице уби 18 лица, вклучително и кралски канадски полицаец.

23 април – Германската канцеларка Ангела Меркел предупредува дека ова „не е крајна фаза, туку е само почеток на пандемијата на коронавирусот.

23 април – Американскиот претседател Доналд Трамп сугерира дека коронавирусот може да се третира со вбризгување средства за дезинфекција или УВ-светла во човечко тело на брифинг со новинарите во Белата куќа. Владини претставници и компании за дезинфекција брзо изјавуваат дека тоа не само што е крајно опасно, туку и потенцијално смртоносно.

Мај

1 мај- Во нереди во затворот Лос Лојанос, во близина на градот Гванаре, Венецуела загинаа повеќе од 40 лица и голем број повредени.

3 мај – Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека Кина е одговорна за ширењето и сериозноста на коронавирусот и дека треба да одговара за тоа.

4 мај – Државите во Европа почнуваат внимателно повторно да се отворат по заклучувањето поради коронавирусот, Италија ги рестартира градежништвото и авио сообраќајот, Германија ги отвори училиштата.

5 мај – Потврдените случаи на коронавирус во светот достигнаа 3,65 милиони, а случаи на САД надминаа 70 000, додека Велика Британија станува најпогодена во Европа со 29,427 смртни случаи.

6 мај – Најмалку 90.000 здравствени работници ширум светот заразени од коронавирус, повеќе од 260 медицински сестри починаа според податоците на Меѓународниот совет на медицински сестри.

12 мај – Милитантите упаднаа во болница и на погреб во Кабул, Авганистан, убија околу 40 лица, вклучувајќи тукушто породени мајки и нивните бебиња.

13 мај – Во секоја африканска земја сега има случаи на коронавирус откакои Лесото стана последната област на континентот што забележал случај на коронавирус.

17 мај – Израел доби нова влада, предводена и од Бени Гантц и премиерот Бенјамин Нетанјаху по 510 дена преговори.

19 мај – Емисиите на стакленички гасови опаднаа за 17 проценти ширум светот во април 2020 година, кога светот беше во блокада, објавено во студијата „Климатски промени во природата“

22 мај – Кина го презентира новото законодавство за национална безбедност против Хонг Конг на својата годишна законодавна сесија.

25 мај – Видеото за апсењето и убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, покажува дека тој бил прицврстен на земја од коленото на полицаецот Дерек Шовин 8 минути и 46 секунди, упорно молејќи за воздух и повторувајќи дека не може да дише, разгоре широка осуда и протести во целата држава.

26 мај – Твитер, по првпат, почна да означува твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп, со предупредување дека содржи неточни податоци.

28 мај –  Гувернерот на Минесота, Тим Валц прогласи вонредна состојба во Минеаполис и ја активира Националната гарда на Минесота по протестите за убиството на Џорџ Флојд.

Јуни

4 јуни – Извештај на ООН, во кој се критикува кршењата на човековите права на Филипините, вклучително и смртта на 8.000 лица за време на нејзината војна против дрогата.

4 јуни – Прогласена вонредна состојба по излевање на 20.000 тони дизел во близина на рускиот град Норилск, Сибир, во рамките на Арктичкиот круг

7 јуни – Протестите „„Црните животи се важни“ продолжуваат ширум светот во голем број, во Бристол се соборена статуата на трговецот со робови од 17 век Едвард Колстон.

8 јуни – Светска банка соопшти дека коронавирусот ќе ја намали глобалната економија за 5,2 проценти во 2020 година

8 јуни – Заклучувањето (локдаун) воведено во Европа спаси 3 милиони животи според студијата на Царскиот колеџ во Лондон.

12 јуни – Афроамериканецот Рејшард Брукс застрелан на паркинг во Атланта, што доведе до понатамошни протести протиб полициското насилство и оставка на началникот на градската полиција.

16 јуни – Најмалку 20 индиски војници убиени во првиот смртоносен судир на кинеската индиска граница за 45 години во долината Галван, Хималаи

17 јуни – Прв поголем пробив во лекувањето на коронавирусот, со употреба на стероид дексаметазон, објави Универзитетот Оксфорд.

18 јуни – Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 450.000 (451.118) со 8.421.357 случаи на зараза, според податоците на институтот Џон Хопкинс.

20 јуни – Највисока досега забележана температура во арктичкиот круг, 38 степени во Верхојанск, Сибир

24 јуни – Пандемијата Ковид-19 драматично се влошува во Јемен, најсиромашната земја во арапскиот свет, со 25 проценти смртност, според ООН.

25 јуни – СЗО ја прогласи епидемијата на ебола во Конго завршена. Втората најтешка епидемија во која починаа 2.280 лица во текот на две години.

28 јуни – Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 500.000, двојно зголемување за помалку од два месеци.

Јули

1 јули – Европа ги отвори своите граници кон 15 безбедни земји по неколкумесечна блокада, со исклучок на САД, Бразил и Русија

1 јули – Рускиот претседател Владимир Путин победи на националниот референдум, со што му се овозможи подолг претседателски мандат.

2 јули –  Повеќе од 160 луѓе загинаа по лизгање на земјиште во рудник, во северната област Хпакант во Мјанмар

6 јули – САД официјално почна да се повлекува од Светската здравствена организација.

7 јули – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро соопшти дека има позитивен тест за коронавирус.

10 јули – Црквата од шести век Аја Софија претворена во џамија со указ издаден од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган (претворена во џамија 1453-1934)

19 јули – Иранскиот претседател Хасан Рухани вели дека 25 милиони Иранци се веќе заразени со коронавирус.

20 јули – Соопштение дека вакцината против Ковид-19, развиена од Универзитетот во Оксфорд е во состојба да предизвика имунолошки одговор и антитела.

21 јули – Европската унија се согласи да обезбеди 750 милијарди евра (859 милијарди долари) за помош во справувањето со економските последици од Ковид-19.

23 јули – Кина ја лансираше својата прва мисија на Марс, Тијанвен-1, комбиниран орбитер, летало и ровер, од локацијата за лансирање Венчанг, остров Хаинан.

27 јули – Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека Ковид-19 е сигурно најтешката глобална здравствена кризна состојба со која СЗО се соочила.

28 јули – Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак прогласен за виновен за корупција, осуден на 12 години и парична казна од близу 50 милиони долари

31 јули – Економската активност во еврозоната опадна за 11,9 проценти за април-јуни, а Шпанија е најлоша во тој поглед – 18,5 отсто.

Август

2 август – Јужна Африка потврди над 500.000 случаи на коронавирус со 10.107 смртни случаи, што е највисок број на африканскиот континент

3 август – Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос објави дека ќе замине во егзил во странство поради неговата вмешаност во истрагата за корупција.

4 август – ООН соопшти дека пандемијата на Ковид-19 создала најголемо нарушување во образованието во историјата што влијаело на речиси 1,6 милиони ученици во 190 земји, или 94 отсто од светот.

4 август – Огромни експлозии на пристаништето – Бејрут, Либан, во кои загинаа повеќе од 200 лица, а над 6.000 илјади лица се повредени.

9 август – Нов Зеланд одбележа 100 дена без пренесување на коронавирус во заедницата.

10 август – Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 20 милиони и се забрзува, за првите 10 милиони беа потребни речиси шест месеци, за вторите 10 милиони само 43 дена.

11 август – Кандидатот на американските демократи за претседател Џо Бајден соопшти дека сенаторката од Калифорнија, Кемала Харис е негова кандидатка за потпретседател.

11 август –  Претседателот Владимир Путин соопшти дека Русија стана првата земја што дала регулаторно одобрување на вакцината против Ковид-19, наречена „Спутник V“, и покрај тоа што не се објавени научни податоци или испитувања од третата фаза.

11 август – Белорусата опозициска лидерка Свјатлана Тихановскаја избега од земјата во услови на големи протести во врска со спорните резултати од изборите во земјата, со помош на кои Александар Лукашенко остана на  власт

12 август – Јеменските власти соопштија дека најмалку 172 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови, кои исто така уништија историски градби во Сана, светско културно наследство на УНЕСКО

16 август – Најголемите демонстрации досега во Белорусија кога 100.000 луѓе се собраа во Минск да протестираат против контроверзните изборни резултати и режимот на Александар Лукашенко.

20 август – Поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Банон уапсен и обвинет за измама во врска со кампања за собирање пари за изградба на ѕидот на границата со Мексико

20 август – Рускиот опозиционер Алексеј Навални ставен во кома по сомневање за труење (подоцна потврдено дека е труење со советскиот нервен агенс Новичок)

23 август – Конвенцијата на американсата Републиканска партија започнува со официјално кандидирање на Доналд Трамп за втор претседателски мандат.

23 август – Американскиот црнец Џејкоб Блејк застрелан и повреден од полицијата пред неговите деца во Кеноша, Висконсин, по што започнаа насилни протести.

24 август – Прв документиран случај на лице повторно заразено со коронавирус, човек од Хонг Конг се заразил четири месеци по првата инфекција.

25 август – СЗО соопшти дека Африка го искорени полио (дефинирано како четири години од последниот случај)

26 август – Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во градот Чарикар, Авганистан, уништени 500 куќи.

27 август – Австралискиот терорист Брентон Тарант осуден на доживотен затвор без можност за помилување за убиство на 51 верник во џамија во Крајстчрч, Нов Зеланд, по првпат земјата ја изрече максималната казна.

30 август – Во светот над 25 милиони лица заразени со коронавирус и 843.000 починати.

Септември

3 септември – Мекензи Скот, филантроп и поранешна сопруга на извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, стана најбогатата жена на светот, вредна 68 милијарди долари

4 септември – Рекордни 52 отсто од Американците на возраст од 18-29 годишници живеат со своите родители поради пандемијата, според студијата на Центарот за истражување Пју.

5 септември – Повеќе од 50 уапсени во Портланд, Орегон, на одбележувањето 100 дена протести против расизмот и полициската бруталност.

7 септември – Во пожарите изгореа рекордни два милиони хектари во Калифорнија во 2020 година.

8 септември – Бегалскиот камп Морија, најголемиот европски камп за мигранти изгоре на грчкиот остров Лезбос, оставајќи 13.000 лица без засолниште

9 септември – Бројот на починати од КОвид-19 во светот надмина 900.000, а најмногу смртни случаи во САД -190.589

9 септември – Областа на заливот Сан Франциско, покриена со темно портокалово небо и чад поради пожарите во Калифорнија.

10 септември – Пожарите во Орегон предизвикаа евакуација на 500.000 луѓе, изгорена површина од над 900.000 хектари

14 септември – Астрономите известуваат за можен знак на живот на Венера, откако со телескоп откриле фосфин во атмосферата на планетите

14 септември – СЗО објави најголем пораст на случаи на коронавирус во еден ден 307.930, за 24 часа во светот починати 5.500 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 917.417.

15 септември – Научната заедница, првпат по 175 години со поддршка за претседателски кандидат. Научниците довербата ја дадоа на Џо Бајден.

16 септември – Јошихиде Суга потврден за премиерската функција од јапонската влада откако Шинѕо Абе се повлече поради лошо здравје.

17 септември-  Барбадос ја објави својата намера да ја отстрани кралицата Елизабета Втора како шеф на државата и да стане република.

21 септември – Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека земјите што претставуваат 2/3 од светската популација се приклучија на нејзината иницијатива за дистрибуција на вакцини COVAX за да испорачаат 2 милијарди дози до крајот на 2021 година

22 септември – Претседателот на Кина Си Џинпинг вети пред ООН дека земјата ќе усвои поамбициозни климатски цели, вклучително и да стане јаглеродно неутралена до 2060 година.

23 септември – Александар Лукашенко положи заклетва за шести мандат како претседател на Белорусија на тајна церемонија, во продолжение на широко распространетите протести против неговиот реизбор.

27 септември – Граничните борби меѓу силите на Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах , убиени најмалку 23 лица

28 септември – Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот надмина еден милиони, и над 33 милиони позитивни случаи.

Октомври

2 октомври – Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер објави дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирус, претседателот хоспитализиран подоцна истиот ден.

5 октомври – Најмалку 14 милиони тони пластични парчиња се наоѓаат на дното на океанот, 30 пати повеќе отколку на површината, според ново истражување.

5 октомври – СЗО проценува дека 10 проценти од светската популација може да е заразена со коронавирус, повеќе од 20 пати повеќе од бројот на потврдени случаи

9 октомври – Светската програма за храна на ООН ја доби Нобеловата награда за мир.

14 октомври – Францускиот претседател Емануел Макрон објави вонредна состојба во јавното здравје и полициски час од 21 часот за девет градови поради наплив на случаи со коронавирус.

16 октомври – Наставникот по француски јазик Самуел Пети обезглавен од страна на 18-годишен исламистички милитант во париското предградие Ерањи.

17 октомври – Лабуристичката партија предводена од Џасинда Ардерн победи на општите избори во Нов Зеланд.

19 октомври – САД обвини шестмина руски воени офицери за масовен кибер напад со цел да се нарушат Олимписките игри во Токио 2020 година, претседателските избори во Франција 2017 година и електричната мрежа на Украина.

20 октомври – Нигериската полиција отвори оган кон демонстрантите во Лагос во услови на засилени протести против полициското насилство низ целата земја.

21 октомври – Папата Франциск ги поддржа истополовите граѓанскизаедници во интервју за документарниот филм „Франческо“

21 октомври – Шпанија стана првата европска земја што забележа повеќе од еден милион случаи на коронавирус, и 34.366 починати.

24 октомври –  Најсмртоносен бродолом на годината однесе 140 животи на брод кој потона со 200 мигранти на брегот на Сенегал

25 октомври – Чиле со мнозинство гласови изгласа укинување на уставот, подготвен за време на диктатурата на генералот Аугусто Пиноче.

26 октомври – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека земјата ќе стане јаглеродно неутрална до 2050 година.

27 октомври – СЗО потврди дека Европа е во средина вториот бран на Ковиф-19 со случаи што рапидно растат, 30 проценти за една недела, раст на смртните случаи за 40 отсто.

29 октомври – Три лица избодени до смрт во црква во Ница, Франција, во терористички напад, по сличен напад и одбраната од страна на претседателот Макрон на правото за објавување карикатури на пророкот Мухамед.

30 октомври – Во земјотрес со јачина од 7,0 степени во Егејското Море загинаа најмалку 64 лица во турскиот град Измир и грчкиот остров Самос.

Ноември

1 ноември – Супер тајфунот Гони го погоди островот Катандуанес, Филипини, оставајќи најмалку 16 мртви и 370 000 лица раселени

1 ноември – Вооружени лица убија најмалку 32 лица, запалија домови во државата Оромија, Етиопија, во нападот за кој се обвинува бунтовничката „Ослободителна армија на Оромо“.

1 ноември – Словачка спроведе тестирање на две третини од својата популација со помош на брзи антигенски тестови, 1,06 отсто позитивни случаи од 3,625 милиони тестови.

2 ноември – Вооружени напаѓачи нападнаа универзитет во Кабул, Авганистан, убивајќи најмалку 22 лица. Теористичката Исламска држава презеде одговорност.

4 ноември – Етиопскиот премиер Абиј Ахмед нареди воена офанзива и вонредна состојба во северниот регион Тиграј.

7 ноември – Поранешниот потпретседател Цо Бајден прогласен за победник во трката за претседател на САД, четири дена по изборите во САД, победувајќи го актуелниот претседател Доналд Трамп.

8 ноември – Бројот на позитивни случаи на коронавирус во светот надмина 50 милиони, а бројот на смртни случаи се искачи на 1.245,240.

9 ноември –  Производителите на лекови БиоНТек и Фајзер соопштија дека нивната вакцина против коронавирус ќе биде над 90 отсто ефикасна, врз основа на резултатите од нивното испитување во фаза три, во кое беа вклучени скоро 44,000 луѓе.

10 ноември – Зборот на годината е „заклучување“ (локдаун) според англискиот речник Колинс.

10 ноември – Најавен прекин на огнот, по договорот потпишан меѓу Ерменија, Азербејџан и Русија, со кој се стави крај на воениот конфликт околу регионот Нагорно Карабах по повеќе од еден месец борби.

15 ноември – Спејс Икс Фалкон 9 го започна првиот редовен лет до Меѓународната вселенска станица со четворица астронаути, тројца од НАСА и еден јапонски.

16 ноември – Американскиот производител на лекови Модерна соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 94,5 отсто ефикасна, според првичните податоци.

18 ноември – Поплавите и свлечиштата засегнаа повеќе од три милиони луѓе, при што загинаа најмалку 70 лица од тајфунот Вамко во провинцијата Кагајан, Филипини.

19 ноември – Истрагата пронашла „веродостојни докази“ дека елитни австралиски трупи незаконски убиле 39 авганистански цивили.

22 ноемвр – Виртуелен дводневен самит на Г20, кој заврши со ветување дека ќе обезбеди пристап до вакцините за сите.

23 ноември – АстраЗенека е третиот производител на лекови што пријави ефикасна вакцина против коронавирус (62% или 90% ефекасна во зависност од тоа како се дава).

24 ноември – Парламентот на Шкотска изгласа закон и стана првата држава каде продуктите за менструација се бесплатни.

24 ноември – Американската администрација за општи служби официјално ја започна транзицијата на Џо Бајден, прогласувајќи го за „очигледен победник“, иако Доналд Трамп вети дека ќе продолжи да го оспорува резултатот.

25 ноември – Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот советник за безбедност Мајкл Флин, виновен за лажење на ФБИ.

26 ноември – Турција им изрече доживотна казна затвор на 337 воени офицери и други лица вклучени во пучот во 2016 година

27 ноември – Убиен најуважениот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, со што се зголемија тензиите во регионот

Декември

2 декември – Државниот обвинител на САД Вилијам Бар рече дека нема докази за широко распространета измама на претседателските избори во 2020 година, и покрај тврдењата на претседателот Доналд Трамп.

2 декември – Велика Британија стана првата западна земја што одобри вакцина против Ковид-19, вакцината на Фајзер/БиоНТек.

5 декември – Русија започна да ги вакцинира луѓето со својата вакцина Спутник V во Москва, и покрај тоа што вакцината не заврши со клинички испитувања

6 декември – Американскиот претседател Доналд Трамп нареди околу 700 војници да бидат повлечени од Сомалија

7 декември – Кока-Кола прогласена за загадувач број 1 со пластика во светот, според извештајот од годишната ревизија на брендот „Ослободете се од пластика“

8 декември – Велика Британија почнува со вакцинирање против Ковид-19 со употреба на вакцината на Фајзер/БиоНТек.

9 декември – Обединетите Арапски Емирати се првата земја што ја одобри кинеска вакцина Синофарм против Ковид-19, велејќи дека е 86 отсто ефекасна.

11 декември – Лидерите на Европската унија се согласија да ги намалат нето-емисиите на јаглерод за 55 проценти во следната деценија.

11 декември – Американската ФДА ја одобри вакцината на Фајзер/БиоНТек за итна употреба.

12 декември – Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш ги повика светските лидери да прогласат „климатска вонредна состојба“ за да се избегне катастрофалното глобално предупредување.

14 декември – САД ја почна вакцинацијата со употреба на вакцината на Фајзер/БиоНТек, истиот ден кога забележа над 300 000 смртни случаи.

14 декември – Изборниот колеџ на САД гласаше со 306-232 за официјално да се потврди победата на претседателските избори на Џо Бајден.

17 декември – Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека е позитивен на коронавирус, испраќајќи ги другите европски лидери во изолација

18 декември – Вакцината на Модерна доби итно одобрение за употреба од американската Администрација за храна и лекови.

20 декември – Европските земји започнаа да ги затвораат своите граници кон Велика Британија по веста за побрзо ширење на нова варијанта на коронавирусот низ Лондон и југоисточниот дел на земјата.

21 декември – Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ја прима вакцината на Фајзер/БиоНТек, во живо на ТВ.

21 декември – САД започнаа со вакцинирање против Ковид-19 со употреба на вакцината на Модерна.