Бугарскиот владин авион Фалкон само што слета на аеродромот во Софија. Во авионот се наоѓа претепаниот секретар на бугарскиот клуб ,,Цар Борис III” од Охрид

Пендиков е транспортиран кон воено медицинската академија во Софија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Од таму додаваат дека состојбата на претепаниот Бугарин е многу тешка. Тој е со голем број испукани прешлени, ребра и скршена вилица.