Иако точната причина за Алцхајмерова болест и деменција не е утврдена, некои експерти веруваат дека храната што ја консумираме може да ја подобри меморијата или да придонесе за влошување на когнитивните функции.

Која храна може да го влоши процесот на помнење ако ја консумираме во големи количини?

Преработени млечни производи

Преработените млечни производи како преработеното сирење може да придонесат за формирање наслаги во мозокот. Некои студии покажаа дека преработената храна може да го забрза процесот на влошување на мозокот. Затоа, треба да ги намалите овие намирници на минимум.

Бел леб

Колачите, белиот леб и тестенините се исто така меѓу намирниците кои треба да ги избегнувате. И оваа храна може да предизвика процес на формирање на наслаги во мозокот и други воспалителни процеси во телото. Подобро е да се заменат производите од бело брашно со житарки од цело зрно.

Бел ориз

Покрај белиот ориз, тука спаѓаат шпагети, крекери и колачи. Нивното консумирање во големи количини може да го зголеми ризикот од формирање на наслаги во мозокот и, следствено, појава на деменција или Алцхајмерова болест. Најдете здрави замени за овие намирници – наместо бел шеќер користете кафен шеќер, а наместо рафинирани шеќери користете природни засладувачи.

Пуканки

Пуканките содржат диацетил, соединение кое може да го зголеми формирањето на амилоидни плаки во мозокот. Студијата спроведена пред една деценија заклучи дека диацетил може да ги зголеми штетните ефекти од акумулацијата на протеините и да го зголеми ризикот од респираторни и белодробни заболувања.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.