Запуштени и сместени во куќа на периферијата на Брчко, имало 31 дете, претежно девојчиња. Многу од децата не ни знаеле каде се, ниту каде се нивните родители, вели извор за N1 Сараево. Уапсени се осум лица, а што планирале осомничените со децата е прашање што ја вознемирува пошироката јавност во БиХ, но и во Хрватска, бидејќи кај некои од децата биле пронајдени пасоши од таа земја. Децата ги спасила чиста среќа и храброста на едното дете, кое успеало да излезе од куќата и ги спасило сите останати.
Еден од родителите, наводно, вчера дошол да си ги земе децата и рекол дека живее во Бања Лука, а неговата сопруга е во Хрватска. Децата кои се хрватски државјани не се на списокот на исчезнати деца, а нивните родители се уапсени.
Обвинителството на округот Брчко на БиХ издаде соопштение во врска со куќата на ужасите во која беа пронајдени вкупно 31 дете. Во соопштението се наведува дека окружната полиција Брчко на БиХ денеска во просториите на Окружното обвинителство Брчко на БиХ донела вкупно осум (8) лица кои во претходните два дена биле лишени од слобода.
Во текот на денот, в.д. обвинител сослуша три лица кои на 25.02.2025 година беа лишени од слобода, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со деца“ од чл.207б и кривично дело „Напуштање или злоупотреба на дете“ од чл на БиХ.