Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека сè уште не знае дали ќе биде кандидат за премиер на претстојните предвремени избори во земјата и оти Демократскиот сојуз на Косово има неколку кандидати од кои секој е подобар од другиот

Како што рече, тие кандидати се фаворити за победа на изборите, јави Танјуг повикувајќи се на Коха.

Хоти исто така најави дека утре ќе и се обрати на јавноста и ќе говори за работата на косовската Влада.

Извор:МИА