Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој од мината недела е со потврден Ковид со влошена здравствена состојба вчера бил хоспитализиран во штипската модуларна болница, а од попладнево на лекување е префрлен во приватна клиника, објави ТВ24.
Тој еден од седуммината осуденици во штипскиот затвор кои се позитивни на коронавирусот. Во изолација се уште 13 осуденици кои засега не покажуваат симптоми на вирусот.
Од Управата велат дека се почитуваат здравствените препораки и сите кои имале контакти со позитивните на вирусот се изолирани во едно крило од затворот.