Тие сметаат дека извинувањата ги прават да изгледаат слаби и дека со тоа се понижуваат.
Луѓето родени во овие хороскопски знаци сметаат дека секогаш се во право и во ретки ситуации кога ќе признаат дека погрешиле или повредиле некого, најмногу им е страв од тоа што треба да се извинат.
Овие три хороскопски знаци најтешко кажуваат „извини“.

БИК
Биковите се сметаат за најтврдоглави, па затоа не е чудно што се на врвот на оваа листа. Самото признавање на фактот дека не е во право, на Бикот тешко му паѓа, а кога ќе дојде време да се извини, го облева ладна пот. Биковите себеси се гледаат како водачи и многу моќни личности, затоа сметаат дека со самото признавање на грешката се намалува нивниот авторитет.

ВОДОЛИЈА
За Водолиите извинувањето исто така означува слабост, затоа што сметаат дека во тоа секогаш се вклучени емоциите. Затоа, Водолиите во тие моменти наоѓаат различни начини да го избегнат извинувањето и работите да ги решат на ладен и безличен начин.

СКОРПИЈА
Скорпиите сметаат дека извинувањето ја открива нивната ранливост, која со сите сили пробуваат да ја скријат. Кога некој ќе им укаже на тоа дека не се во право, Скорпиите тоа ќе го сфатат лично и најверојатно ќе се налутат и ќе сметаат дека таа личност крои заговор против нив, иако во секој случај тоа не е вистина.