Наближува и крајот на годината, а со него доаѓаат и нови предизвици, односно новата година. Некои хороскопски знаци нема да почувствуваат големи промени, но кај некои ќе се појават проблеми. Следниве три хороскопски знаци ги очекува навистина тежок период во јануари, но не е нешто со кое нема да можат да се справат.
1. Овен
Почетокот на месецот, односно новата година најверојатно ќе биде едноставен и лесен, но понекогаш вие морате да ги комплицирате нештата, зарем не? Само неколку погрешни одлуки ќе ве однесат на сосема погрешен пат, па наместо да се движите кон целта, само ќе се оддалечувате од неа. Поради ова ќе си создадете и многу непотребни обврски.
На работното место нештата нема да бидат најдобри, најмногу бидејќи секој разговор ќе го претворате во расправа. Понекогаш треба да ја проголтате гордоста и да сфатите дека не сте семоќни. Прифатете ги советите од колегите кои работат подолго од вас и кои сакаат да ви помогнат.
Сепак, не е сè така лошо. Во третата недела од месецот ве очекува убава дружба со пријателите, па дури тогаш ќе можете да заборавите на сите проблеми од работа и да се опуштите. За време на оваа дружба можни се и некои нови познанства, а вие ќе ширите позитивна енергија на која никој нема да ѝ одолее.
2. Стрелец
Првите неколку денови од јануари, односно од новата година ќе сакате да побегнете на пуст остров. Телефонот постојано ќе ви ѕвони, сите ќе ве бараат и ќе сакаат да им направите некоја услуга. Иако многу луѓе ви помогнале во изминатиов период, не сте очекувале дека сите ќе бараат да им ја вратите услугата толку брзо. Овој месец сите ќе имаат нешто итно и ќе мислат дека тие се најважни. Сепак, ќе мора да избегнете некого, некого да одбиете, а некои од пријателите можеби и ќе ви се налутат за тоа.
Вашите најблиски очекуваат премногу од вас, но вие не можете да им кажете дека ви е премногу да водите сметка и за нивните и за вашите обврски. Бидејќи не сакате да ги навредите ќе молчите, а вашиот гнев ќе го насочите кон саканата личност.
Ова не е добро решение, но во тој момент нема да можете да постапите поинаку. Ќе се чувствувате изморено и исцрпено и ќе знаете дека тоа е поради стресот. Можеби наскоро ќе имате храброст да се борите за себе и за вашата врска.
3. Водолија
Доколку во јануари не ги средите несогласувањата со партнерот, можно е да ѝ дојде крај на вашата врска. Од недела во недела, од месец во месец, само бегате од проблемите и се надевате дека самите ќе се решат. Кога ќе се насоберат многу проблеми, не треба да ги игнорирате, туку да ги решавате додека се помалку. Во спротивно, само ќе се изморите од бројните расправии.
Имате вложено многу во себе, па на работното место ќе бидете опуштени. Ќе имате самодоверба, што е одлична особина за на работа. Сепак, во втората недела од месецот можно е да дојде до недоразбирања и неколку конфликти. Но ова не е ништо со коешто не можете да се справите за брзо. Ако им покажете на колегите дека се нервирате, ќе покажете знак на слабост. Затоа, најдобро е да ги избегнувате изливите на емоции, особено на работното место. Бидете смирени и ќе ги победите противниците.