Овен
Ќе чувствувате немир поради вашата неодлучност, па пробајте да се релаксирате и да си го вратите внатрешниот мир. На работното место ќе бидете многу ефикасни и без проблем ќе завршите со сите обврски и задачи. Во љубовта можни се неочекувани проблеми, но немојте да ги сфаќате многу сериозно – разговарајте и ќе најдете решение.

Бик
Одличен ден за добивање на нова понуда. Не успевате да најдете ниту една маана, па така сте на пат да ја прифатите. Максимално сте посветени на комуникацијата со деловните соработници од странство. Оптимистични сте по прашањето на воспоставување работен договор со нив. Тажни сте поради прекинот на врската.

Близнаци
Внимавајте што потпишувате бидејќи тоа што ви изгледа сега одлично подоцна може да се претвори во голем проблем. Повикајте ги пријателите на гости, овозможете си мала домашна забава со пријатен муабет, тоа ќе ве релаксира. Некоја водолија малку грубо ќе ве посоветува, но сепак, таа е комплетно искрена.

Рак
Некој близок страда со вас, но вие упорно го негирате тоа со намера да ги промените работите во ваша корист. Партнерот има поинакво мислење и изразува „чудно“ воодушевување. Изгледате сомничаво кога се среќавате со соработниците. Ако се оддалечите премногу од вообичаените теми, ве очекуваат дополнителни компликации.

Лав
Ве очекува непријатна комуникација со некоја личност од деловното опкружување. Вие ќе докажувате нешто за кое сте сосема во право, но таа личност ќе се прави глува на вашите зборови. Имате изразени емотивни чувства кон личност поврзана со странство. Мечтаете, иако сте свесни дека далечината е навистина голема препрека.

Девица
Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде, но не сега. Ќе треба да поминете трнлив пат за да бидат работите како што сакате, на емотивен план. Денес ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Вашиот глас ќе се слуша.

Вага
Можете да очекувате мали несогласувања со колегите, но не би требало да имате некои посериозни проблеми. Можно е да имате некои помали компликации или отежнувања поврзани за некои договори. Доколку ви се допаѓа некој кој е роден во знакот на лав, ве очекува интересна средба денес. Пред вас е ден кога ќе почне зближувањето.

Скорпија
Подобрување на финансиската ситуација. Пред вас е можност да дојдете до значајни поместувања на работа. Ви се допаѓа вашата слобода и не сте подготвени за некое ново емотивно врзување. Задржете што е можно повеќе за себе, бидејќи нема ништо повеќе да добиете поради тоа што сте премногу отворени за другите.

Стрелец
Време е да се опуштите, а не само да се нервирате за работата. Потрудете се брзо да завршите сè што сте планирале. Потрудете се да бидете концизни за подобро да се разбирате со колегите. Можен е солиден прилив на пари. Но, дајте сè од себе, денес да не трошите премногу пари. Ве „фатила“ претпразничната купувачка треска.

Јарец
Денот започнете го со позитивни мисли, ако сакате целиот ден да ви помине во знакот на доброто расположение. Нека не ве заплашуваат бројните обврски на работа, со добро организирање сè ќе завршите навреме. Некој во знакот на скорпија не е комплетно искрен со вас. Завршете ги започнатите обврски што ги навреме.

Водолија
Имате претчувство дека претпоставениот работи против вас и намерно ви наметнува нешто што е спротивно на вашите работни задачи. За вас е најдобро да се воздржите од секакви објаснувања и убедувања, затоа што тоа не води никаде. Потрудете се да не ги оптоварувате најблиските со проблеми што ги имате на работа.

Риби
Ако сте сингл, денес е можно да сретнете една личност која е веќе во брак и најдобро би било да ја заобиколите. Соработката со другите е важна. Потрудете се да пронајдете заеднички интерес со колегите, така што полесно ќе го остварите она што го сакате. Ако треба да средите некоја документација, ова е идеален ден за тоа.