OВЕН

Пред вас се добри денови. Искористете ги за да ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така треба да примените самоконтрола, бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Некои ќе дојдат до решенија кои долго време биле невозможни.

БИК

Ако ве критикуваат, немојте да одговарате на провокациите, само мирно продолжете да работите. Успехот ви е пред врата. Ќе бидете задоволни со материјалните достигнувања, но светот на славните и понатаму ќе биде предизвик на кој нема да можете да му одолеете. Следете ја интуицијата.

БЛИЗНАЦИ

Во поголемиот дел од седмицата ќе владее хармонија помеѓу вас и саканата личност. Ништо повеќе нема да биде вештачко. Вашето лично нерасположение ќе доаѓа од другите подрачја на животот. Ако треба нешто да се менува, менувајте. Направете го тоа на мирен и постепен начин. Соработувајте на дипломатски начин.

РАК

Вашите приватни односи ќе бидат добри, но нема да имате причина за воодушевување. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разнишана со помали кавги или провокации. Останете мирни и чувајте го она што го имате. Ќе се исплати. Излезете и во пресрет на една личност која не е сигурна како да ја заврши зададената задача.

ЛАВ

Бидете отворени и кооперативни, бидејќи се работи за заеднички резултати што подоцна ќе дојдат. Благодарноста што ќе следува, ќе ви биде нова мотивација за работа. Во текот на оваа недела луѓето ќе бидат повеќе чувствителни и раздразливи, па затоа треба да внимавате да не ги поминувате границите.

ДЕВИЦА

Иако е потребна одредена доза на таинственост, такт и дипломатија, ова време не е добро за искривување на вистината, лажење и погрешно претставување. Тоа би можело да предизвика уште поголема збунетост и конфузија во постоечката ситуација. Обидете се да ги избегнете конфликтите со другите.

ВАГА

Кој вели дека лошите случки задолжително оставаат рани? Денес вие ќе бидете жив пример дека може да се случи и обратното. Успешно ќе црпите лекции од негативните настани и ќе ги користите за да се подобрите себеси. Зборувајте гласно за своите квалитети. Не чекајте другите да ви дадат комплимент.

СКОРПИЈА

Во текот на неделата ќе запознаете личност која ќе биде олицетворение на ваш идол. Можно е да одлучите да промените своја карактеристика за која многумина ве критикувале и да започнете да ги исполнувате ветувањата што сте си ги дале себеси. Романтиката ќе ви биде силна страна.

СТРЕЛЕЦ

Вашите приватни односи добро ќе се развиваат. Малите сомнежи ќе бидат со краткотраен карактер, па немојте да им придавате значење. Објективно вратата на нечие срце ќе биде отворена. Немојте самите да си го затворате патот. Можно е да добиете зголемен обем на работа, но бидејќи тој ќе биде интересен, вие ќе уживате.

ЈАРЕЦ

Вашата уста ќе биде како рудник од кој постојано излегува злато. Ќе бидете склони да им го олеснувате животот на луѓето и да им давате признание за позитивните постапки. Многупати ќе слушнете „благодарам“ и тоа ќе доаѓа од срце. Ослободете ја бурата од емоции што со денови беснее во вас.

ВОДОЛИЈА

Деновиве ќе направите чекор подалеку од очекувањата на луѓето, бидејќи планетите ќе ви го зголемат ентузијазмот за ризикување. Не ги сфаќајте погрешно луѓето кога ви велат дека треба да бидете повнимателни. Тие се грижат за вас. Погледнете поблиску во огледалото и ќе дознаете зошто имате високи критериуми.

РИБИ

Кога работите стануваат сурови и груби во личниот живот или надворешните околности, треба да се потсетите колку сте сакани и почитувани. А потоа застанете и обрнете внимание дали во себе имате доволно љубов и разбирање за самите себе. Избегнувајте ги стресните ситуации и немојте да ги гледате информативните емисии.