ОВЕН

Доколку сакате да видите промена, вие започнете, мора да го направите првиот чекор затоа што никој друг нема да го направи тоа за вас. Понекогаш другите ви се виновни за сè, а вие самите не сакате да реагирате и да направите нешто за себе да се промените. Можни се главоболки, обидете се да се опуштите.

БИК

Денеска е вистински ден да започнете нешто ново, оригинално, нешто што досега не сте го правеле. Имате енергија за сè, само немате енергија да ги елиминирате лошите навики од вашето секојдневие. Поврзаноста со вашето семејство и пријателите за вас е многу важно и никој не може да ве раздвои без разлика колку и да се труди.

БЛИЗНАЦИ

Денеска излезете и избистрете си ја главата и размислете за вашата иднина. Вие имате право да одлучите во која насока ќе ви оди животот и никој не може да ви се меша во вашите животни одлуки. Забава со колегите од работа е вистински начин како да се зближите и подобро да се запознаете,

РАК

Уште од утрина ќе се присетувате на некои тешки времиња од вашиот живот, но денес не е моментот да го правите тоа. Одговорни сте само за вашите постапки, но не сте виновни ако некоја возрасна личност од вашето блиско опкружување се однесува незрело и разгалено. Не бидете толку самокритични.

ЛАВ

Вие сте добродушни и не сте злонамерни, а тоа се двете особини што не се баш пожелни кога е прашање работата, особено кога треба да покажете заби на противниците и конкуренцијата. Вашата љубов е појака од кога било, но нема кому да ја дадете.

ДЕВИЦА

Кога станува збор за работата, вие сте перфекционист. Обрнувате внимание на секоја ситница и понекогаш губите драгоцено време да ја исправите. Доколку постојано имате одбивен став кон другите, па дури и оние што не ги познавате, тоа ќе ги одбива луѓето од вас и никој нема да сака ниту да се запознае со вас ниту да разговара.

ВАГА

Често се преправате дека сте нешто што не сте и понекогаш и самите се прашувате каква личност сте под таа маска. Бидете она што сте и немојте да прифаќате компромиси. Нема потреба своето незадоволство од вашата работна средина да го пренесувате на љубовната врска и на партнерот.

СКОРПИЈА

Посветете им се на работните обврски денес колку и да е тоа невозможно, затоа што веќе доцните и тоа се одлага само од ден во ден. Вашето здравје не е добро, па затоа ви е потребен еден систематски преглед на кој веројатно ќе добиете препорака за поголем внес на витамини.

СТРЕЛЕЦ

Вие не сте направени од челик, но тоа не ги интересира вашите најблиски. Навикнати се вие да водите грижа за сè и сега ви е тешко поради тоа бидејќи немате помош и немате на кого да се потпрете. Големите обврски ви предизвикуваат немир и стрес. Внимавајте можни се проблеми со забите.

ЈАРЕЦ

Вам никогаш не ви фали самодоверба, но денес ништо не ви оди од рака. Изгледа ќе мора да се помирите со тој факт. Но, тоа не значи дека ова ќе продолжи и во наредните денови. На љубовно поле ситуацијата полека ви бега од контрола, а вие не сте навикнати на тоа.

ВОДОЛИЈА

Вие не сакате да бидете совршени затоа што знаете дека тоа не е возможно, но не можете да очекувате вашиот партнер да нема ниедна мана. Мора да бидете потолерантни во односот со него, во спротивно вака ќе предизвикате непотребни караници. Вашето здравје е добро, се чувствувате добро и одморно.

РИБИ

Не обрнувајте внимание на останатите колеги што ги немаат истите перформанси како вас, па сакаат да ве изнервираат и да ве натераат да направите грешка. Конечно донесовте одлука да се занимавате со физичка активност, ако се потрудите, ќе бидете доследни на тоа.