Во престрелката што утринава се случила во основното училиште „Владислав Рибникар“ Србија загинал обезбедувач, а пет ученици се повредени, неофицијално јавува агенцијата Танјуг.
Во Тиршова се префрлени три деца, од кои едното е во животна опасност и итно е префрлено во операциона сала со повреда на главата, соопштија за Танјуг во таа установа.
Други две деца се со прострелни рани и се на интензивна нега.
Две деца – момче и девојче се пренесени во Ургентниот центар.
Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец отворил оган врз обезбедувањето и учениците.
Полицијата го уапсила напаѓачот за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко.
Во престрелката почина и наставничката која била повредена
Наставничката повредена во пукањето, што утрово се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, почина од повредите во Ургентниот центар.
Во таа институција била примена заедно со тројца ученици, јави РТС.