Во текот на следните недели од исклучетелна важност е посветата на С. Македонија и Бугарија на оние сегменти каде што нема разлики во мислењата.
Таа додаде дека како дипломат е оптимистка и изрази уверување оти може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување.
„Како и претходно и понатаму немаме план ‘Б’. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување“, – изјави Холштајн откако денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.
Германската амбасадорка најави дека заедно со актуелниот претседавач Португалија и следниот Словенија ќе продолжат со напорна работа за да дојде до отворање на пристапните преговори.