Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи. Важно е пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија почнат што е можно побрзо, порача денеска германската амбасадорка Анке Холштајн, на првиот Скопски економски форум.
Во оваа насока, посочи Холштајн, португалското претседателство направи се, но како што изгледа, претстојното словенечко претседателство ќе треба да прeземе.
– Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија и геостратешки интерес. Германија останува цврсто посветена на оваа цел, изјави Холштајн.
Основата за подобра регионална соработка, нагласи Холштајн, е довербата и Берлинскиот процес се покажа корисен за позитивен развој на регионот.
– Довербата и дијалогот се најпотребни со цел да се надмине минатото и да се изгради заедничка иднина. Тоа е напорна работа и бара време. Во регионот, етно-националните наративи се уште наоѓаат плодна земја и шпеклуациите со промена на границите во последните недели, тоа го покажувата. Таквите идеи се опасни во региони каде луѓе од разни етнички позадини живеат заедно. Тие ја затвораат економската соработка и оддалечуваат регионот од својот европски пат, истакна Холштајн.
Граѓаните од Западен Балкан имаат оправдано високи очекувања, рече германската амбасадорка, и сакаат да видат економски раст, здравство, работа и владеење на правото.
– Ова е во основата на Берлинскиот процес. Најпрво, да се подобри животот на луѓето од регионот со конкретни проекти и второ да се забрза интеграцијата во ЕУ. Од 2014 година земјите од Западен Балкан постигнаа многу до рамки на овој процес. Поврзаноста во регионот стана приоритет. Благодарение на РИКО младите се запознавата подобро, а благодарение на договорот за роаминг водењето бизнис и оддржувањето на пријателства сега е многу поевтино. На крај, дорбите меѓусоседски односи се значително подобрени, истакна Холштајн.
Одлуката за градење на заеднички пазар е историска, и посочи Холштајн, тоа ќе ги донесе четирите слободи на ЕУ во рагионот.