Холивудската легенда, Клинт Иствуд, пред неколку дена го прослави својот 91 роденден. Актерот кој стана еден од најпознатите холивудски лицаа, изгледа дека не го знае значењето на зборот пензија.
Неговата богата кариера продолжува и денес, а дека годините не му можат ништо сведочи фактот дека тој сè уште може работи. Може да се каже многу за животот на Клинт Иствуд, а по повод неговиот роденден, ќе ве потсетиме на некои интересни работи.
Не бил првиот избор за една од неговите најзначајни улоги
Клинт Иствуд се стекна со светска слава играјќи во вестерн филмови, а можеби и најважната улога за неговата кариера беше улогата на Блонди во филмот „The man with no name“.
Сепак, Иствуд не бил првиот избор за главната улога. Улогата најпрво му била понудена на Ерик Флеминг, но тој ја одбил затоа што сметал дека не е платен доволно за истата. Клинт бил последната опција за режисерот Серхио Леон, но тој сепак попуштил, што на крај се покажа како добра одлука.
Никогаш не користел наркотици, но обожава пиво
Со оглед на бурниот живот низ кој поминуваат актерите, многу од нив не можат да одолеат на разни пороци, вклучувајќи и дрога. Клинт Иствуд не е еден од нив.
„Шеесеттите и седумдесеттите ги поминав со пиво. Никогаш не земав дрога. Секогаш мислев дека пивото и некои други работи се доволно добри“, во една прилика рече Клинт.
Снимање во Југославија
Клинт Иствуд ја посети Југославија во 1969 година, поради потребите за снимањето на воената комедија „Kelly’s Heroes“. Ова беше американско-југословенска ко-продукција, во режија на Брајан Хатон. Филмската екипа снимаше во селото Вижинада на Истра, во замокот на Шпицер во Беоќин, како и во Обреновац, каде за потребите на снимањето беше срушен стариот железнички мост на реката Колубара.
Покрај Иствуд, во филмот играат и Тери Савалас, Доналд Сатерленд, Хари Дин Стентон, Дон Риклс, Керол О’Конор и други.
Преживеа авионска несреќа, тој е овластен пилот
Клинт Иствуд имаше авионска несреќа во раните 1950-ти. Имено, авионот во кој се наоѓал останал без гориво и паднал во океанот. За среќа, и пилотот и Иствуд, кои биле во леталото, преживеале и морале да пливаат 5 километри за да стигнат до брегот. Иствуд не само што е одличен актер – тој е и овластен пилот, а лиценцата ја доби во 1989 година.
Клинт Иствуд одби голема улога, улогата на Џејмс Бонд
На Клинт му било понудено да го игра агентот 007 во 1967 година откако Шон Конери ја напуштил франшизата. Иако во тоа време сè уште го барал своето место во Холивуд, Иствуд решил сепак да ја одбие оваа улога.
„Ми понудија големи пари за да го играм Џејмс Бонд. Но, за мене тоа беше туѓа „работа“. Тоа е повеќе во стилот на Шон. Не се чувствував дека сакам да ја играм таа улога“, во тоа време призна Клинт Иствуд.